За да ја пополните апликацијата за сместување потребно е да се регистрирате на системот.
При регистрација на системот, на Вашата маил адреса ќе добиете линк за активација на Вашиот профил.
Откако ќе го активирате профилот потребно е да се најавите со корисничкото име и лозинка кои Вие сами ги имате внесено при регистрација.
Доколку не добиете линк на Вашата маил адреса за да го активирате профилот испратете маил до konkursi@mon.gov.mk.
Доколку не успеете да се најавите со лозинката која ја имате внесено може да испратите линк за ресетирање на
вашата маил адреса и да ја промените со внес на нова лозинка.
Линк за ресетирање на лозинка –
Откако ќе се најавите на системот потребно е да кликнете на менито “Сместување” и да одберете “Сместување во студентски дом” и да кликнете на “Аплицирај” на конкурс за кој аплицирате.
Откако ќе ги пополните сите информации кликате на копчето Аплицирај и како последен чекор го избирате терминот (дата и време) во кој сакате да ги доставите документите.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации можете да не контактирате на маил адресатата konkursi@mon.gov.mk или на телефонскиот број 02 3 140 147.