ЧПП

Често поставувани прашања

Дали можам да си ги проверам податоците што ги имам внесено во електронската пријава?

Со најава со Вашето корисничко име и лозинка можете да ги проверите податоците што ги имате внесено во електронската пријава.

Дали можам да пополнам електронска пријава доколку веќе еднаш имам пополнето, но со погрешен податок, или имам направено несакана грешка?

Пријавите можат да се пополнуваат/корегират само за конкурсите во тек. По истекот на конкурсот може само да се прави преглед на пријавата.

Доколку имам потешкотии со пополнувањето на електронската пријава, каде може да се обратам за помош?

За дополнителни информации може да се информирате на тел 02 3 140 147 или на konkursi@mon.gov.mk.

Дали морам да го испечатам идентификациониот број?

Доколку немате принтер, идентификациониот број може и да го запишете, а истиот ќе треба да го доставите со целокупната документација наведена во Конкурсот.

Каде се доставува жалба, доколку ме нема на список?

Жалбите се доставуваат до Комисијата, односно до архивата на Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, вклучувајќи и копија од решението дека не Ви е доделена стипендија.

Зошто кога внесувам приход од татко, ми јавува грешка?

При внесување на плата од родителите (татко, мајка, други), се внесува целиот износ без запирка, точка или празно место. (10000 е точно, а 10,000 е неточно)

Дали мора лично да ги доставам документите?

Документите може да ги достават и Ваши поблиски роднини, доколку сте оправдано отсутни и доколку документите се комплетирани.

Каде можам да ги најдам потребните документи кои што треба да ги приложам во дадениот термин?

На следниот линк потребни документи, може да ги најдете и испечатите бараните документи.