Известување во врска со електронското аплицирање на конкурсот за доделување студентски стипендии

Ве известуваме дека при пополнување на електронската апликација поставена на интернет порталот www.konkursi.mon.gov.mk,

Во полето „ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ЗАПИШАН ВО СТУДИСКАТА 2017/2018“, внесете го податокот за зимски семестар запишан во студиската 2018/2019 година.
       Во полето „ВНЕСЕТЕ ГО БРОЈОТ НА ПОЛОЖЕНИ ИСПИТИ, ЗАКЛУЧНО СО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО СТУДИСКАТА 2016/2017“, внесете го бројот на положени испити заклучно со летниот семестар во студиската 2017/2018 година.
      Во полето „ВНЕСЕТЕ ГО БРОЈОТ НА ПРЕДВИДЕНИ ИСПИТИ, ЗАКЛУЧНО СО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО СТУДИСКАТА 2016/2017“, внесете го бројот на предвидени испити заклучно со летниот семестар во студиската 2017/2018 година.

Се извинуваме за ненамерниот технички пропуст и информираме дека во тек е постапка за корекција на поставената апликација. Сите поднесени електронски апликации од страна на кандидатите во меѓувреме, ќе бидат земени во предвид.