ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ПОРТАЛОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ!

Електронскиот систем за аплицирање за престој во студентските домови и државни стипендии во Република Македонија претставува систем кој ќе им обезбеди на студентите/учениците едноставен начин на аплицирање за некоја од државните стипендии или легло во студентските домови.

За пријавување на конкурсите користете Mozilla Firefox, Google Chrome, Internet Explorer или Safari на персонален компјутер. Користење на таблети и smart-телефони, како и стари верзии на пребарувачи не е препорачливо – можни се проблеми при пријавување со истите.

За пополнување на пријавата користете кирилична поддршка (со исклучок на електронска пошта,корисничко име и лозинка) Пријавите можат да се пополнуваат/корегираат само за конкурсите во тек. По истекот на конкурсот може само да се прави преглед на пријавата.