Соопштение

Измена на Конкурсот за дополнување на Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2018/2019 година бр.19-3872/1 од 27.03.2019 година

  1. Во Конкурсот за дополнување на Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2018/2019 година бр.19-3872/1 од 27.03.2019 година, во главата II. Начин на рок на пријавување ставот 1 се менува и гласи; ,,Студентите кои се пријавуваат на конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mkпочнувајќи од 01.04.2019 година заклучно со 14.04.2019 година.”

ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ

2.Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на 03.05.2019 година на веб страната на Министерството.


МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ

3. Студентите, кои електронски се пријавиле по конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, од 08.04.2019 година до 16.04.2019 година, во избраниот термин, документите да ги донесат или да ги испратат по пошта со препорачана пратка на горенаведената адреса.

Често поставени прашања