Начин на аплицирање за студентски стипендии 2018/2019

Измена на Конкурсот за дополнување на Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2018/2019 година бр.19-3872/1 од 27.03.2019 година


 

Известување во врска со електронското аплицирање на конкурсот за доделување студентски стипендии.

___________________________________________________________________________

За да ја пополните апликацијата за студентски стипендии  потребно е да се регистрирате на системот.

Проблеми при најава или аплицирање ? 

Линк за регистрација 

При регистрација на системот, на Вашата електронска адреса ќе добиете линк за активација на Вашиот профил.
Откако ќе го активирате профилот потребно е да се најавите со корисничкото име и лозинка кои Вие сами ги имате внесено при регистрација.

Линк за најава 

Доколку не добиете линк на Вашата електронска адреса за да го активирате профилот испратете  порака на следната електронска адреса konkursi@mon.gov.mk.

Доколку не успеете да се најавите со лозинката која ја имате внесено може да испратите линк за ресетирање на
вашата електронска адреса и да ја промените со внес на нова лозинка.

Линк за ресетирање на лозинка – 

Откако ќе се најавите на системот потребно е да кликнете на менито “Стипендии” и да одберете “Студентски стипендии” на конкурс за кој аплицирате.

Откако ќе ги пополните сите информации кликнете Аплицирај и како последен чекор го избирате терминот (дата и време) во кој сакате да ги доставите документите.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации можете да не контактирате на следната електронска адреса konkursi@mon.gov.mk или на телефонскиот број 02 3 140 147.