Начин на аплицирање за ученички стипендии 2017/2018

За да ја пополните апликацијата за ученички стипендии  потребно е да се регистрирате на системот.

Линк за регистрација 

При регистрација на системот, на Вашата електронска адреса ќе добиете линк за активација на Вашиот профил.
Откако ќе го активирате профилот потребно е да се најавите со корисничкото име и лозинка кои Вие сами ги имате внесено при регистрација.

Линк за најава 

Доколку не добиете линк на Вашата електронска адреса за да го активирате профилот испратете  порака на следната електронска адреса konkursi@mon.gov.mk.

Доколку не успеете да се најавите со лозинката која ја имате внесено може да испратите линк за ресетирање на
вашата електронска адреса и да ја промените со внес на нова лозинка.

Линк за ресетирање на лозинка – 

Откако ќе се најавите на системот потребно е да кликнете на менито “Стипендии” и да одберете “Ученички стипендии” на конкурс за кој аплицирате.

Откако ќе ги пополните сите информации кликате на копчето Аплицирај и како последен чекор го избирате терминот (дата и време) во кој сакате да ги доставите документите.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации можете да не контактирате на следната електронска адреса konkursi@mon.gov.mk или на телефонскиот број 02 3 140 147.